Живеј го животот вертикално

Уште на првиот допир знаеш. Чувството кое ти влегува под кожа и во истиот момент ти го обзема целото тело, го прави поцврсто, вретенесто, ти дава енергија и желба да го правиш ова секој ден, без пауза без престан.

 

Затоа

Живеј го животот енергично и интензивно, зграпчи го цврсто и не го пуштај.
Живеј го животот здраво, и телото ќе те следи.
Живеј го животот како да си веќе најдобра во тоа што го правиш, и тоа и ќе бидеш.
Живеј го животот бестрашно и смело, со погледот секогаш вперен нагоре.
Живеј го животот вертикално.

А кога знаеш дека во тимот ја имаш и вежбаш со најдобрата инструкторка во Македонија, се чувствуваш уште поисполнето и едвај го чекаш секој нареден час.

Автор

TRINITY

Скопје

Македонија