REGATTA, ЗА СЕКОЈА АВАНТУРА

Реномираниот англиски бренд REGATTA, уште од 1981 година, им помага на луѓето да уживаат во природата, без тоа многу да ги чини.

„Во тоа време “Outdoor” стилот на живот беше само за бестарашни истражувачи, а ние само сакавме да ја “отвориме вратата” и да се забавуваме. И сакавме сите останати да ни се придружат.“

Така тие создаваат одлични производи кои луѓето ќе можат и да си ги дозволат, облека која ќе им овозможи да уживаат во чистиот воздух, без да се грижат колку ќе чини. И сè уште е така.

Денес тимот на REGATTA е многу поголем и сè уште размислува и функционира на истиот начин, како да им помогнат на луѓето да уживаат во природата, без тоа многу да ги чини.

Низ текот на годините постојано развиваат нови технологии и ги усовршуваат своите производи. За секој шев и за секое влакно се користи најсовремена технологија, за да се обезбеди врвна изведба, перформанси и комфор. Нивните производи се водоотпорни, дишливи, отпорни на ветер, ергономски, издржливи и со современ дизајн.

На почетокот беа 12, а сега се милиони: планинари, качувачи, велосипедисти, кампери, градинари, шетачи на кучиња, мајки, деца…… кои со REGATTA ја живеат својата АВАНТУРА.