Вовед во „Урбан ориентиринг“

Овој викенд во недела во Градскио парк Скопје се одржа настан по име „Вовед во УРБАН Ориентиринг и твојата прва Ориентиринг трка“ во организација на Outdoor Boot Camp with Bubalo – Елена Бубало (Mix Aerobik Skopje) и ОК Еделвајс од Струмица.

Како дел од триот Бут камп што ќе се одржи во Крушево во период од 25-29.09.2014 ќе биде и Ориентирнг трчање низ улиците на Крушево во должина од 10 км (со цел исполнување на предизвикот на кампот од 50 км).

За учесниците да добијата повеќе претстава за овој не така едноставен и доста захтевен спорт решивме да направиме 3 трки во Градскиот Прак. На истиоте присуствуваа како учесници на кампот, но и останати активни луѓе кои имаа повеќе желба неделата да ја поминат со нас и да запознаат нешто ново за спортот.

Се трчаа 3 патеки претходно обележани од страна на тимот на Еделвај Струмица, трите патеки беа со различна должина и различен број на точки. Учесниците со помош на мапи и компаси поделени во тимови го пребараа целиот парк. Ориентирингот како спорт на отворено е со авантуристички предизвици во кој подеднакво уживаа сите без разлика возраста.

Трчаа и пешачеа со цел да ги откријат интересните страни на паркот, тимски си помагаа, ориентираа и ги собраа дадените точки. На крајот забавата беше неизбежниот дел од овој настан, сите среќни, задоволни, со нови искуства заминаа дома чекајќи ја објавата на резуултатите и желбата за следна ваква трка!