Атомска Мравка 2014

Заврши 4-тата „Атомска Мравка 2014″, Источно Европски натпревар за деца и млади до 18 години.

Оваа година за разлика од минатите натпреварот се одржа само во дисциплината болдер. За жал поради економската криза, оваа година на натпреварот успеа да присуствува само Бугарија, со голем број квалитетни натпреварувачи.

Искрена и срдечна пофалба за нашите Македонски Атомски Мравки кои на овој натпревар како и по обичај се надминаа себеси и блескаа во сиот свој качувачки сјај.

Одлично се забавувавме, качувавме, се натпреварувавме, се смеевеме, разменивме качувачки искуства и дооообро се испековме на скопското августовско сонце.
Браво за сите мравчиња кои храбро се изборија за пласман, како и за оние кои не успеаа да се пласираат оваа година, но сериозно се потрудија натпреварувачите кои обезбедија пласман, навистина да се испотат за своето место. Мнооооу добар и возбудлив натпревар, беше, и заврши „Атомска Мравка 2014″…

…Се гледаме на „ Атомска Мравка 2015″ каде повторно СКС Карпош ќе грми како арена за борба за качувачкиот пиедестал !

Организатор :

Македонска Спортско Качувачка Федерација

СКК Вардар – Скопје и секако благодарност на организацискиот тим, кој е непроменет веќе 4 години од самиот почеток на традиционалниот натпревар „Атомска Мравка” а оваа година беше предводен од Ване Наунов, Владимир Трповски, Марта Трповска, Александар Чорбески, Димитар Попов, Миа Шукова

РЕЗУЛТАТИ