Ладна или топла, облогата е епитом за успешна терапија

Забуната околу тоа кога да аплицирате ладно, а кога топло завршува во следните неколку пасуси…

Дека криотерапијата и термотерапијата се достапен, ефикасен, неадиктивен лек за еден широк дијапазон на повреди и заболувања се знае уште од времето на Хипократ и Авицена. Единствено настанува проблем кога истите несоодветно ќе се применат или ќе се аплицираат за погрешна дијагноза.

Примена на ладно т.н. криотерапија најчесто се препорачува кај повреди на меки ткива, кога како резултат на повредата доаѓа до реактивно воспаление. Воспалението се карактеризира со појава на оток, црвенило и болка, а апликацијата на ладна облога во комбинација со одмор, компресија и елевација на повредениот екстремитет доведува до намалување на симптомите и поблага клиничка слика.

Апликацијата на ладна облога треба да се спроведе што е можно побрзо по повредата и да се одржува најдолго 20 минути. Исто така ладните облоги се применуваат на повреди кои не се постари од 24 – 48 часа или повреди кои сè уште покажуваат знаци на отекување.

 

Примена на топло т.н. термотерапија се преминува успешно кај мускулни, нервни и хронични болки. Во ова група спаѓаат мускулни спазми, мускулни јазли, неуропатии, артритиси, главоболки, постари повреди. Топлата облога функционира на тој начин што ги поттикнува рехабилитирачките механизми преку дотур на крв и нутритивни елементи во зафатеното подрајче и отстранување на јаглеродниот диоксид и метаболниот отпад. Во зависност од потребата термотретманите може да имаат различно времетраење, почнувајќи од 15 минути па се до 2 часа.