Зошто жените потешко слабеат од мажите

Во светот полн со нееднаквости капак на женските фрустрации е фактот што тие потешко доаѓаат до посакуваната тежина и става од нивните посилни половини. Без разочарување, природата си го направила своето, а Ваше, жени, е да се потрудите малку повеќе.

 

Половите разлики во слабеењето и телесниот одговор на диетите и вежбањето потекнуваат од низа на биолошки разлики во организмот на мажите и жените. Сепак, овие веќе предодредени биолошки шаблони никогаш не треба да ве спречат да стасате до идеалната здрава телесна тежина, без разлика на вашиот пол.

Проблематиката започнува со самиот однос на телото спрема вежбањето и нутрицијата. Мажите имаат поголем процент на мускулна маса од жените кои со активирањето за време на вежбањето согоруваат повеќе калории. Дополнително, докажано е дека мажите имаат за приближно 3 до 10 посто побрз метаболизам од жените што им оди во прилог.

За време на вежбањето работите се компликуваат. Во теретаната жените се повлекуваат од дигањето на тежини поради стравот: „да не станат мускулести“ и ставаат повеќе фокус на кардио вежбите, нешто што може да ве ослабе, но може и да ве држи на едно константно плато. Мажите пак, често целат кон помускулесто тело преку силов тренинг со дигање на тежини кои се одлични за интензивно топење на масти, градење на мускул и последователно делкање на соодветна тежина.

И ставот кон храната е поразличен. Во една студија било докажано дека кога им биле покажани некои интересни закуски (пица, чоколадо), жените и покрај тоа што се изјасниле како сити имале извесна мозочна активност во региите од мозокот задолжени за нагонот за јадење т.е. посакувале да „грицнат“ од понуденото. Ова не било во случајот на мажите.

Биохемијата исто така замешува прсти. По вежбањето во женското тело хормонот грелин кој е главен промотор на гладот интензивно се лачи, а лептинот, хормонот на ситост паѓа. Оваа хормонска разлика не се случува во толкава мера во машкото тело со што жените имаат поголема шанса да изедат многу повеќе отколку што треба од мажите по вежбањето.

Научниците велат дека ова е базично својство на секој женски организам. Тоа е природен начин женското тело да се одбрани од евентуален губиток на енергија која би можела да ја наруши плодноста, основната движечка сила на секој вид. Кога жените не добиваат доволно калории настанува хормонален дисбаланс кој што всушност ја штити жената.

Дополнитечни се и психолошките разлики кои во голема мера имаат важни влијанија врз ставот кон исхраната, вежбањето, истрајноста и мотивацијата.

Ова се само наведени факти кои треба да се знаат и дополнително да ги мотивираат девојките во нивната потрага по совршено и пред се` здраво тело.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија