НАЈЛЕСНАТА ФУНКЦИОНАЛНА ОБЛЕКА ВО СВЕТОТ

Температурите се повеќе растат, но тоа не значи дека треба да престанете со физички активности. Ви ја претставуваме најлесната функционална облека ULTRALIGHT 70, од германскиот бренд PRO FEET.

Германскиот производител PRO FEET, врз база на долгогодишното искуство и соработката со врвни светски спортисти, развива мулти-функционална долна облека за секакви спортски активности. Нивните 3 клучни принципи се мала тежина, оптимален комфор и максимален квалитет за добра цена.

ULTRALIGHT 70 е линија на прозводи кои се исклучително лесни, комфорни, ја транспортираат влагата од телото и брзо се сушат. Антистичката доработка спречува облеката да се лепи на телото. Дури и при интензивни спортски активности, слој од воздух се задржува помеѓу облеката и кожата, што овозможува ефективно разладување на телото.

ULTRALIGH 70 колекцијата, а и многу други PRO FEET производи, може да ги најдете во нашата продавница на улица Максим Горки бр.17.