Двајца македонски авантуристи во прв обид да пловат околу светот

Македонија нема море, но затоа има амбициозни морнари. Александар Ѓорѓевиќ и Димитар Шкордовски се македонските кандидати кои се обидуваат да се приклучат на престижната и најбруталната прекуокеанска трка Volvo Ocean Race.

Volvo Ocean Race е најтешката регата на светот, постои од 1973, и на секои две години најбрзите едрилици на оваа планета се натпреваруваат низ сите океани.

Годинешнава регата е закажана за Октомври во Шпанија и етапно застанува во 10 града меѓу кои Кејптаун, Абу Даби, Санја (Кина), Окланд во Њу Зеланд, Итаџаи (Бразил), Њупорт во Америка, Лисабон (Португалија), Лориен (Франција) за девет месеци подоцна и 40.000 наутички милји понатаму морнарите да ја завршат трката во Гетеборг, Шведска.

Оваа година пријавени се шест тимови со по единаесет професионални едриличари, кои ќе се надпреваруваат со бродови изработени специјално за оваа трка и чинат по околу 5 милиони евра. Секој морнар си има своја задача на бродот, двајца од нив се доктори, еден е стратег, еден изработувач на едра и еден морнар задолжен да снима и фотографира. Морнарите во текот на деветте месеци ќе живеат и работат во скромните 20 метри (65 фита) должина колку што се бродовите. Условите на бродовите се “спортски” и сурови како што е и самата трка и се плови деноноќно понекогаш и по 20тина дена помеѓу етапите. Volvo Ocean Race е најтешката и најопасната едриличарска трка и во нејзиното 40 годишно постоење многу едриличари биле загубени на море.

За прв пат годинава, министерстворо за култура и туризам на Абу Даби врши он-лајн конкурс за нови морнари. Нашите едриличари Александар и Димитар моментало котираат високо на табелата и им треба вашиот глас за да стигнат на врвот и да се приклучат кон тимот на Абу Даби, предводен од британскиот скипер и двоен олимписки медалист Иан Вокер.

Ѓорѓевиќ и Шкордовски инаку се членови на параглајдерскиот клуб Вертиго од Скопје, двајцата се носители на скиперски дозволи и имаат учествувано на повеќе од десет регати со тимот на Вертиго Вејв, поморската секција на клубот.

 

Ѓоргевиќ, заедно со мал тим од Хрватска тукушто го преплови Медитеранот и моментално се наоѓа во Њујорк на едриличарски припреми додека Шкордовски е веќе во Абу Даби и активно тренира во водите на Персискиот Залив. Обајцата се пилоти на параглајдери и искусни едриличари.

Доколку овие наши одважни морнари бидат прифатени во тимот на Абу Даби, Македонија за прв кје биде застапена на еден ваков едриличарско – спортски настан. Да им помогнеме на Александар и Димитар да станат дел од епската Volvo Ocean Race – ГЛАСАЈТЕ ТУКА и глајсате веднаш!

За Александар Ѓоргевиќ гласајте тука, а Димитар Шкордовски тука.

Пошироко за целата трка тука.