Колбас тавче-гравче

Поздрав до вашиот генетски код…

 
  • 300г македонско гравче
  • 1 кромид
  • 1 свежа пиперка
  • 1 морков
  • 1 колбас
  • 1 домат
  • нане
  • босилек
  • магдонос
  • дафинов лист
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Свареното гравче (со кромид, пиперка и сецкан морков) се ослободува од вишокот течности и се става во тепсија за печење. 

2. Се додава сецкан домат, китка магдонос, неколку ливчиња свежо нане, дафинов лист и босилек.

3. Одозгора се реди еден колбас.

4. Се промешува и се запекува 20-25 минути, но не премногу.