Сте снорклале ли на Св.Заум?

Ако одговорот ви е „не“ тогаш заУм за друг пат да си знаете. Кампување, капење и снорклање на едно од најчистите и убавите места на Охридското Езеро никако пропуштање. И не, не го снимивме св. Заум, ова јас сум на фоткава.

Видео матерјаливе чекаа цела година да бидат претворени во нешто така кратко и слатко за консумирање, ама ете дочекаа тие, а дочекавме и ние.

Се собравме пет души фино друштво, а најважен детал околу екипажот е минимум е еден да биде мештанец, охриѓанец (во наш случај), трпејчанец, пештанец или што и да е, затоа што само така се доловуваат најситните финеси на охридската ривиера, во случајов дивиера, а тука спаѓаат: пецање плашичина на писка, 100 метри веслање на кајче бесплатно, подводно ловење со трпејски харпун (лак и стрела), сталожено фрлање на блинкер иако знајш дека не гризат рибана, мрзливо следење на хоризонтот и многу други убаини.

Кампингот траеше некои три дена кадe што максимално релаксирано поминавме со оглед на тоа што полуостровчето Св. Заум е поврзан со Трпејца и Љубаништа единствено по воден пат, па така нема мрдање ако немаш кајче, а ние баш и немавме. Единствена релација беше до блискиот извор кој се отвара од Галичица на сред една карпа од каде тече најстудената вода што некогаш сме ја сретнале во течна форма. 

Езерото пак на такво зајдисонце, е тоа е нешто специјално..

п.с. ак ви трпит нетот, на фул хд клајте го