Тренинг за стегнати дојки

Неколку тренинг варијанти за сегментот: затегнатост и испрченост на женските гради. Мажи, што викате вие за ова?

 

Прв пасус од оваа статија оди со болд: дојките се составени од жлездено ткиво и во нив нема мускули, па затоа освен ако не сте бремена, доите или се ставите „под нож“ тие нема да се зголемат, ниту со овие вежби. 

За разлика пак од ова, можете да се потрудите околу факторот на испрченост, стегнатост т.е. да ги направите малку поцврсти од онолку колку што сега тие се, па така, тие ќе изгледаат посекси и згодно во бикини, па и надвор од нив.

Целата работа е во активирањето т.е. затегнувањето на градните мускули кои се наоѓаат под вашите дојки кои ќе дадат подобра потпора на самото жлездено ткиво и ќе направат мала промена во изгледот, понатаму треба да вклучите вежби за рамениот појас како и за грбот со што ќе добиете на поисправена става а со тоа и подобра форма во начинот на кои ги носите.

Одиме со вежбите:

Во теретана избркајте ги мажите од бенч-от и легнете вие. Инструкции бидете сигурни дека ќе ви дадат најмалку три до четири мажи од околината, ама бидете критична и одберете го инструкторот кој многу веројатно ќе биде екстра згоден. Редовно работете ги големиот и малиот пекторалис бидејќи тие се основата на затегнатите гради. Ако не ви се фаќа шипка, можете да пробате и со еднорачни на под како на примеров подоле.

 

За по дома предлогов подоле ви е како скроен. Додека варите кафе, ја чекате комшиката направете два сета со по 10-15 повторувања а за возврат добивате ефективна вежба за зајакнување на грбот, рацете, рамената и стомакот.

За било каде можете да пробате palm press (потисок со рацете). Вежбата е многу едноставна. Ги спојувате рацете пред вас и ги притискате една спрема друга, а со тоа индиректно ги работите градите и рацете. Можете да пробате и со изометрија, да здржите во таа позиција некои 10-15 секунди, па одмор, па повторно, и така неколку пати.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија