Мусли – домашно подготвени

Овие мусли барови се лично производство, а вие ќе внесете своја оригиналност ако нешто додадете или одземете во состојките.

 
  • 100г интегрално брашно
  • 100г овесни снегулки
  • 100г ореви
  • 100г бадеми
  • 50г кикирики
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица лен
  • 1 лажица сончоглед
  • 1дл маслиново масло
  • 100г суво грозје
  • 50г сушен ананас
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 лажиче цимет
  • 2дл превриена топла вода
 

Подготовка

1. Крупните состојки се сецкаат или се мелат на крупно.

2. Потоа се додаваат и останатите состојки и смесата интензивно се меша.

3. Се распоредува во тепсија на готварска хартија и се натапкува до дебелина од еден прст.

4. Се пече на 180 степени околу 45 минути.

5. Додека е топла се сече на плочки (големина по желба), а потоа се остава да се оладат парчињата мусли.

6. Се чуваат во фрижидер.