Чие истражување држи вода?

Неодамна вегетаријанците имаа поголем ризик од малигнитети, алергии, полошо ментално здравје, поголема потреба од медицински услуги и низок квалитет на живот. Сега добиваме податок дека неколку порции зеленчук на ден се поврзуваат со дури 42% помалк ризик од прерана смрт…

Др. Дејвид Катц, директор на Центарот за Превенција на Јеил Универзитетот и неговата асистентка Стефани Мелер, засукале ракави и направиле една одлична споредба помеѓу повеќето популарни режими на исхрана како веганскиот, нискомаслениот, палео, нискогликемичниот, медитеранскиот…

Нивниот заклучок? Ниту еден режим не е подобар од друг. Нивниот труд всушност уште еднаш го потврдува она за кое со сигурност се знае дека придонесува за подобро физичко и ментално здравје – повеќе зеленчук, помалку брза и процесирана храна.

Што се однесува до австриското анти-вегетарсијанско истражување, Др. Катц вели дека нивната методологија “не го положува тестот”. Од една страна Австријците како народ јадат многу малку зеленчук, па се поставува прашањето кои се всушност оние кои се тагнати како вегетаријанци во ова истражување? Од негово искуство, луѓето или цел живот се вегетаријанци или често стануваат вегетаријанци откако ќе бидат дијагностицирани со некоја хронична болест, па оттаму произлегуваат лошите бројки во австриската студија.

Од друга страна , како што вегетаријананецот може да јаде високомаслена и јаглехидратна процесирана храна, така и оние кои јадат месо може да се хранат балансирано и квалитетно. Затоа не ги следете слепо популарните режими на исхрана, туку држете се до она што веќе со сигурност се знае и е потврдено.

Извор