19-то балканско првенство во карате за деца од 11 до 14 години

Идризи со два медали од Балканското првенство

Во сабота и недела (14-15.06.2014) во Истанбул Турција се одржа една од најпрестижните натпреварувања, Балкаското првенство во карате. Двократниот балкански шампион Абдурахим Идризи на овој важен настан настапуваше во две дисциплини, во кати и во борби.

 

При изведбата на на катите беше одличен, меѓутоа уште во старт ждребката не беше поволна за него, затоа што уште во прв настап за противник го имаше поранешниот балкански првак Јусуф Кара од Турција кој со помош на судиите дојде до посакуваната победа со тесен резултат 3-2, меѓутоа во продолжение во репасажние борби тој покажа дека е во врвна форма и ги совлада црногорецот Лекиќ, србинот Арнод и својот сонародник Бановски со по 5-0 и стигна до бронзениот медал.

Додека во кумите до финале стигна совладувајќи го црногорецот Бајиќ со резултатат 9-0, Турчинот Огуз 4-1 и Босанецот Бранковиќ со 10-0. Во финале имаше одличен меч со Турчинот Челикбилек со кого буквално го чистеше татамито меѓутоа не му досудија поен и така мораше да се задоволи со сребрен медал.