Гулаш со дивеч и паста
Доколку при рака ви дојде дивеч и се мислите како да го припремите, повелете една интересна и вкусна идеја.
- 1кг дивеч – бут од дива свиња
- 200мл вински оцет за маринада
- 20мл црно вино
- 2 моркови 4 големи главици кромид
- 1 поголем корен целер
- 2 чешниња лук
- рузмарин
- дафинов лист
- мајчина душица
- сол
- бибер
- магдонос
- 100г брусници
Подготовка
1. Месото се чува најмалку 24 часа во маринада од оцет, рузмарин и бибер.
2. Сецканиот кромид се запржува, па се додава сецканото месо.
3. По неколку минути се додаваат и останатите намирници.
4. Се додава виното и на пониска температура се динста околу 2 часа.
5. На крај се додава сецканиот магдонос и брусниците по што гулашот е готов.
6.Во меѓувреме се спрема пастата по ваш избор.