Една година после врвот..

На овој ден (23 мај 2013) минатата година во 3:15 наутро, стоев на врвот на светот Мт Еверест 8848м. Долгогодишните подготовки и многустраната поддршка, на крајот резултираа со успех и нов спортски момент за Македонија. Ви благодарам на сите кои ме бодревте и подржавте во подвигот!

Им благодарам и на дечките кои ми даваа позитивни вибрации за време на искачувањето. Имавме исклучителна привилегија врвот да го делиме само неколкумина: Тим Моседале, Анг Каји Шерпа, Стеве Вијатс, Торбјорн Халстром, Пасанг Гелјер, … Честитки до сите. Ви благодарам сто бевте со мене во искуството кое го смени мојот живот.