Холивудски здрав стил на живот со SIGG шишињата

Во светот на познатите, не е важно само да пиете 2l вода на ден, туку и како ја пиете. Постои врвна опција за сè што правите, како да патувате, како да возите, како да купувате…. па и како да ги пиете водата и соковите.

За светски познатите ѕвезди не е доволно да се напијат вода од шише Evian додека вежбаат или пешачат, туку тоа треба да биде вода од SIGG шише. Ќе ги видите во рацете на Reese Witherspoon, Scarlett Johansson, Ashton Kutcher, Heidi Klum, Jennifer Garner и омилената Jessica Alba, позната по добриот и здрав стил на живот. 

Но, зошто познатите ги одбраа SIGG шишињата?

Веќе 106 години брендот SIGG, токму во Швајцарија, произведува висококвалитетни шишиња изработени од алуминиум. Сигурно сте слушнале за изразот SWISS MADE, кој значи ВРВЕН КВАЛИТЕТ, ВРВЕН ДИЗАЈН, ИСТРАЈНОСТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

За разлика од пластичните шишиња, овие шишиња се рециклираат и се еколошки, а што е исто така важно, тие се безбедни за здравјето на човекот бидејки не содржат BPA (Bisphenol A) хемикалија. Во нив не се развиваат бактерии и го задржуваат вкусот на водата, сокот или кафето свеж.


Овие шишиња се достапни во различни големини (од 0.3l до 1.5l), со различни капачиња (класични, спортски или детски), а палетата на бои и дезени е толку широка што секој може да го пронајде своето совршено SIGG шише. 

 Посебно е интересна и практична детската SIGG линија. Кога станува збор за нај малите и нај милите, мора да е нај здраво и нај добро.

Се разбира SIGG шишињата се малку поскапи од шише вода од супермаркетот, но вредат за сите пари, па и повеќе.