Реактивирајте го вашето јаженце за скокање

Ако ова парче опрема досега не ви било на дневното тренинг мени, време е да му направите еден солиден камбек. Ок, не мора да се обидувате да ја следите техниката на тренерчево овде, бидејќи тешко дека ќе го стасате, ама вие бар почнете да го работите основното, над глава – под нозе, континуирано, додека не пукнете..

Всушност, скокањето на јаже (во континуитет) претставува една од врвните вежби за калориско согорување која се наоѓа скоро на врвот од кардио вежбите. Само десет минути топат сличен број на калории колку што се трошат и за време на 30 минутен џогинг. Ако се вадевте на картата дека немате време….

Дополнително, покрај сериозната бројка на калории што одат во “фурната”, функционалните движења во вежбата резултираат со зајакнување на целата мускулатура и поголема коскена густина. 

Пред се ставите под јаженцето, не заборавајте да направите добар динамичен стречинг што ќе го подготви вашето тело за престојната “голгота” која што сами си ја барате. 

Нешто повеќе за скокањето на јаже можете да прочитате тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија