Комерцијален текст

Рафтинг на Тара

Сезоната за рафтинг на Тара е започната! Ова е вистински период за сите оние кои сакаат адреналински рафтинг затоа што водостојот на реката е највисок, а со тоа и возбудата е најголема. 

Четири часовен рафтинг низ најатрактивните делови на кањонот на реката исполнет со водопади, извори и природа која ретко кого остава рамнодушен.
Веќе четврта година рафтаме, по два пати годишно, на истата река и секој пат е различно. Од нашето досегашно искуството сакаме да споделиме неколку важни информации со сите заинтерсирани за овој тип на тури:

• Изборот на камп центри, од босанска страна, долж реката Тара е голем. Кој камп ќе го изберете е од исклучително значење за да го доживеете рафтингот во право светло, а доказ за тоа ќе биде желбата да се вратите повторно и повторно.

• Не ризикувајте да одберете камп кој активно работи само неколку недели во сезоната, а со тоа има и недостаток од персонал и кадар, а што најважно искусни скипери кои се од големо значење за безбедно спроведување на рафтингот.

• Во близина на камповите не постои продавница, а внесување на храна во камповите е забрането. Најблиското место каде може да купите нешто е Фоча на оддалеченост од 25 км од камп центрите. Едниствена варијанта е да се храните во кампот, освен доколу не планирате за секој оброк да возите до Фоча и назад.

• Патот до Фоча е навистина тежок и напорен. Доколку можете обезбедете си превоз и шофер во спортивно ќе потрошите цел ден на рехабилитација од напорниот пат

Важно: Претходно искуство не е потребно. Со себе понесете топла облека за вечерните часови, костим за капење, средства за лична хигиена и сл. Минимална старосна граница е 8 години!

Програма на патувањето:

ДЕН 1 (01.05 / 06.06) : СКОПЈЕ – ФОЧА – РАФТИНГ ЦЕНТАР ДРИНА-ТАРА

Состанок на групата во 23:30 часот на 30.04./.05.09 на паркингот кај Холидеј Ин. Поаѓање за Фоча во 00:00. Планирано пристигнување во рафтинг центарот Дрина-Тара околу 13:00 часот. Сместување во бунгалови и слободно попладне. Заинтересираните патници можат да се пријават за попладневна факултативна посета на Сараево, која вклучува разглед на најпознатите знаменитости на градот. Враќањето од Сараево е во вечерните часови (посетатата може да се реализира за мин. 8 пријавени лица).

Рафтинг центарот располага со убаво уредени терени за мал фудбал и одбојка, како и патеки за прошетка. Целиот комплекс се наоѓа на самиот брег, со ресторан и тераса поставена над реката. Вечерата завршува во 20 часот, а потоа следи дружење и седенка покрај оган со музика.

За време на вечерата ќе имаме прилика да пробаме разни специјалитети карактеристични за ова поднебје подготвени на лице место, а за кои се користат свежи намирници од околината. Ноќевање.

ДЕН 2 (02.05 / 07.06): РАФТИНГ НА ТАРА

Појадок од 8 до 9 часот. И овој пат ќе пробаме специјалитети кои не може да се пробаат на никое друго место! Домашен пршут, врели уштипци со кајмак, пита под вршник се само почеток на она што следи…

После појадокот секој добива опрема за рафтинг (која вклучува неопренски патики, неопренско одело – Iong john, сигурносни појаси, кацига и весло). Следи превоз со теренски возила до Брштановице – почетното место за рафтинг. Пред поаѓање скиперите ќе одржат краток курс по рафтинг за техниката на веслање, начинот на седење и однесување во различни ситуации за време на рафтингот. Тргнуваме на рафтинг и за неколку часови поминуваме низ најатрактивните делови на кањонот на реката Тара. Ќе посетиме водопади, извори,а ќе направиме и пауза за фотографирање и капење. После 25 км рафтинг исполнети со адреналин и природа од која застанува здивот, се враќаме назад во рафтинг центарот. Не чека топла вода, туш и спремен ручек. Ручекот е повторно приказна за себе: за почеток топла телешка чорба, а после тоа јагнешко, телешко печење под вршник, свеж и печен зеленчук под вршник, топол леб и уште многу вкусни јадења. После ручекот имаме слободно време за одмор, прошетка, капење или релаксација. Вечерата завршува во 21 часот. За вечера ќе пробаме речна пастрмка на жар, печен компир и кајмак, качамак, зелник и бурек под вршник, кисело млеко…Во ресторанот цело време има на располагање квалитетно домашно црвено вино од „царските лозја” во Требиње, домашна ракија од диви крушки како и сокови и пиво (за нашите групи има попуст од 30% на сите пијалоци).

ДЕН 3 (03.05 / 08.06): JEEP SAFARI (или повторно РАФТИНГ НА ТАРА)

После појадокот, секој има на располагање две опции. Едната е повторно адреналински рафтинг на Тара и Дрина, а втората е сафари со џипови и посета на Националниот парк „Сутјеска”. По завршувањето на рафтингот (џип сафари) се враќаме во кампот на ручек, се пакуваме и тргнуваме кон Скопје во попладневните часови. Во Скопје се пристигнува следниот ден најдоцна до 05 часот наутро.

Цена (по лице): >> 9,300.00 МКД

Цена (по лице со сопствен превоз): >> 6,820.00 МКД

Во цената е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во бунгалови на база на 2 полни пансиони (6 оброци).

– 2 Рафтинг пакети на Тара (или 1 рафтинг пакет + jeep safari) со full опрема за рафтинг

– Сите туристички такси (за престој, рафтинг и за националниот парк)

– Комплетна организација и водство за време на патувањето

– Претставник и придружник од агенцијата.

Во цената НЕ е вклучено:

– Патничко осигурување (се вади во агенција)

– Факултативна посета на Сараево (превоз и разглед со водич / траење: 2,5 часа / цена по лице: 25 €, плаќање кај претставникот на агенција / мин.број на пријавени лица за реализација на екскурзијата: 8)