Затвoрање на ски сезона 2013/14 на наш начин

Фантастично качување на фасцинантната Шара, се искачивме со цела опрема на грб до 2400 м.н.в до Црна стена и потоа на скии надоле. 

Секоја година во текот на април традиционално ја затвораме ски сезоната со качување на некој од врвовите во Македонија каде има во тој период се` уште снег. По поминатите Mаврово/Шара – Бабина стена/Јабланица/Кораб/Стогово/Пелистер дојде ред повторно на Шара, овој пат Бориславец. Малку не` поколебаа снежните врнежи од минатата недела од аспект да не има многу снег па качувањето да биде невозоможно или пак да не има опасност од лавини. Но за среќа колебањето не траеше премногу и како и секогаш досега, не згрешивме воопшто 🙂

Не успеавме да се искачиме до крај до 2.600м бидејќи имаше доста чести “затварања” кога за миг облаци не затвараа целосно од сите страни плус временски доцневме и постоеше реална можност да се стемни пред да тргнеме надолу па затоа проценивме дека за овој пат качувањето на 2.400м до Црна стена е сосема доволно..