ДРУЖЕ СО НОВ РЕКОРД НА 50М ПЕПЕРУТКА

Давор Петровски – Друже го собори рекордот на 50м пеперутка во Равне

На 41. Меѓународен пливачки митинг Равне 2014, Словенија кој се одржа изминатиов викенд со учество на 986 пливачи од Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина учество земаа и нашите пливачи Давор Петровски Друже и Виктор Смилевски со одлични резултати.

Друже во категоријата М4 (пливачи родени 2000 година), во дисциплината 50 метри делфин стигна до златниот медал, притоа пливајќи со време од 28.96 секунди со што постави нов рекорд на Р. Македонија за постари пионери (29.34 стариот). Тој освои уште два златни медали на 100 метри и 200 метри делфин, а го освои среброто и на 50 метри слободно.

Виктор Смилевски, пак, во категоријата М2 (пливачи родени 1997 година) го освои второто место на 50 метри слободно со време од 25.44 секунди.