Кој тип си Ти?

Основната соматотипската класификација можеби не е нешто за што мозгате и се интересирате, но е доволно да се информирате за да имате поголема претстава и сознание во која група на соматоТИП припаѓате.

Вилијам Шелдон во 40-те години од минатиот век ги класифицира типовите на тело во три основни соматотипови. Ектоморф, Мезоморф, Ендоморф.

Ваквите типови на класификации не се нешто ново, во Ајурведската медицина која е дел од Санскритското учење ги класификува луѓето во три основни групи  Vata, Pitta и Kapha.

Не секое тело можеме да го ставиме во овие три основни категории, многу луѓе содржат комбинирани карактеристики од другите категории иако една е секогаш предоминантна.

Ектоморф

Ова е типично слаб човек. Екто типовите имаат мали зглобови и чисти мускули. Екстремитетите им се долги и тенки со жилави мускули а рамената тесни.

Типични карактеристики на Ектоморф:
– Ситен ”деликатен” облик и структура на коски;
– Класичен тип што тешко качува телесна маса – “hardgainer”;
– Рамни гради;
– Мали рамена;
– Слаб;
– Чиста мускулна маса;
– Брз метаболизам.

Ектоморфните типови имаат проблем кога се работи за качување на килограми. Тие имаат брз метаболизам кој ги согорува калориите доста брзо. На екто типовите им се потребни огромни количества на калории за да ја зголемат телесната маса.

За нив, тренинзите треба да бидат кратки и интензивни со фокус на големите мускулни групи. Суплементите се дефинитивно потребни. Ектоморфите треба да јадат пред да легнат за да превенираат катаболизам на мускулите за време на ноќта.

Генерално, ектоморфите можат многу брзо да ги симнат килограмите, што им го олеснува враќањето на чиста мускулатура.

Мезоморф

Овој тип има крупна структура на коските, големи мускули и природно атлетска градба. Мезоморфите се најдобриот тип на тело за бодибилдинг. Ним им е прилично лесно да качат и да изгубат тежина. Тие се природно силни и се перфектната платформа за мускулна дефиниција.

Типични карактеристики на Мезоморф:
–  атлетски;
– солидно дефинирани мускули;
– правоаголна форма на тело;
– силни;
– брзо гради мускулна маса;
– побрзо качува килограми од ектоморфите (масти).

Мезоморфните типови најдобро реагираат на тренинг со тежини. Придобивките брзо се гледаат, особено кај почетниците. Негативната страна на мезоморфите е што тие качуваат килограми полесно од ектоморфите. Ова значи дека треба да внимаваат на внесот на калории. Генерално, комбинација од тренинг со тежини и кардио е најдобар избор за мезоморфите.

Ендоморф

Обликот на телото на ендоморфните типови е полн и воглавно мек. Ендоморфите качуваат тежина многу лесно. Ендо типовите обично др пониски со дебели раце и нозе. Мускулите се цврсти, особено на горниот дел од нозете. Ендоморфите можат да забележат дека се природно силни кога работат вежби за нозе како чучњеви.

Типични карактеристики на Ендоморф:
– меко и заоблено тело;
– качува мускулна маса и масти многу лесно
– обично се ниски;
– набиена градба;
– заоблен изглед;
– тешко им е да намалат тежина;
– спор метаболизам;
– мускулите не се добро дефинирани.

Кога ендоморфите треба да тренираат, лесно им доаѓа качување со тежина. Но за несреќа, голема количина од тежината отпаѓа на масти, а не на мускулна маса. За да го минимизирате зголемувањето на килограми, овие типови секогаш треба да тренираат кардио и да работат со тежини. Обично суплементи не им се потребни доколку личноста внесува поголема количина на протеини на дневно ниво.

Но овие категоризации на телото не се толку стриктно определени. Всушност, многу луѓе се комбинација од ектоморф и мезоморф или мезоморф и ендоморф. На пример, не е невообичаено да се најде и чист мезоморф кој качува килажа како ендоморф.

Па кој тип си ти? 
Со погоре наведените информации би требало да се идентификувате себеси. Можете да ја оптимизирате вашата исхрана и тренинг за да одговара на вашиот тип на тело.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија