Згази и стопи нешто на педала

А што не ја искористите вашата прва „машина за вежбање“ што некогаш сте ја поседувале за да оптегнете тоа струкот? 

Велосипедизмот може да биде одлична вежба за конкретно топење на масти која и те како може да лежи на вака убаво временце. Башка, точакот секогаш те носи на убави локации, а воедно, тој е нежен за твоите зглобови, па така реално не е важно колку тежите и колку сакате да намалите. 

Подолу следат неколку трикови како да се истенчите на две тркала:

Вртете пред појадокот

Ова е трик кој професионалните велосипедски тимови го користат веќе со декади. Велосипедистите на USA Cycling не смеат да појадуваат додека не завршат 20 минутна сесија пред тоа. Кога телото е во изгладнета состојба тоа ги троши маситите како извор на енергија, а тоа дава одлични резултати. 

Сепак, не зборуваме за напорен тренинг бидејќи не е во ред да го изложувате организмот на големи стресови без потребната енергија за тоа. Доволно е кратка сесија која одлично ќе ви го започне денот, а потоа правец на доручек. 

Педлајте напорно

Спринтовите одамна се поврзуваат со брзото градење на фит форма и топење на масти. Само 30 секунди вртење во најголема брзина и со полна снага ги подигнува нивоата на хормонот за раст за многу проценти повисоко, а тоа за возврат ги топи мастите и гради чист мускул. 

Кратките спринтови се исто така одличен покренувач на метаболизмот. Докажано е дека и покрај тоа што трошат помалку калории, спринтерите на долг рок губат девет пати повеќе масти од маратонците кои одат на дистанца.

Згазете малку офф

Сменете ги вашите тенки гуми за широки неколку пати во неделата и зголемете ја потрошувачката на енегрија. Еден активен час на маунтинбајк троши повеќе од 600 калории, многу повеќе од истиот период да го возите на асфалт, а башка го активира целото ваше тело, не само нозете. Снаоѓањето покрај камења, корења и грмушки ги активира рацете, грбот и целото торзо! 

На педала од ваму до таму

Користењето на велосипедот како превозно средство за низ град може да додаде во равенкава со слабеењето. И без тоа, со велосипед низ град е кул. 

Целете кон (ох)Ридот

Ридовите трошат многу калории за кратко време. Тие исто така градат цврстина на торзото. Активирајте се повеќе и вметнете возење во исправена состојба во тешките делови од ридот покрај нормалното вртење во седечка позиција. Ова не само што ќе ви го подигне пулсот и ќе потроши повеќе калории, туку ќе ги разработи рамената, трицепсите и core мускулатурата како што се искачувате нагоре.

Кркајте за време на возење

Велосипедизмот ви овозможува една работа која многу малку вежби ја дозволуваат – да јадеш додека го правиш тоа. Како ова ти помага во слабеењето? Внесуваш контролирани и специфични ужинки кои не се во можност да те прејадуваат како после други тренинзи, па следен пат кога ќе отидете да возите, земете некоја банана или чоколатце кое ќе ви дотури 200 до 250 калории на час, кои ќе ви бидат доволни за да ве одржат во форма. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија