Ново тешко искачување
Барбара Цангерл со трето повторување на „Prinzip Hoffnung“

Барбара Цангерл на 11 март 2014 година направи импресивно трето искачување на традиционалната насока „Prinzip Hoffnung” (8b+) во Бирсер Плате, Австрија.
Дваесетипетгодишната Цангерл, која живее на само 15 минутно пешачење од подножјето на насоката, често одеше да ја пробува на насоката по работното време во болницата.
- „Започнав да правам обиди на топ-роуп на крајот на јануари и првичните впечатоци ведна ми беа доста добри.” изјавува Цангерл. „Исто така дојдов навистина блиску до комплетно слободно искачување пред неколку недели. Но потоа почнав да паѓам на истиот дел, повторно и повторно…”
Паѓањето од „Prinzip Hoffnung” не е нешто што се зема здраво за готово. Всушност, Цангерл одлучи да ги качува првите 7,5 m од насоката без да постави осигурување затоа што „единствените чокови што влегуваат се толку мали што веројатно не би задржале пад.”
Насоката „Prinzip Hoffnung” за првпат е качена во 2009 година од австриецот Бит Камерландер и потоа повторена од италијанецот Јакопо Ларкер минатиот месец, и се состои од екстремно тешка плоча која спокува две мали пукнатини. Пукнатините се осигуруваат со мали чокови, со кои Цангерл претходно имаше само мало искуство.
- „Порано имам качувано некои насоки во Индиан Крик и имам качено некои алпски насоки, но ништо не било олку тешко.” рече Цангерл. „Може да речеме дека моите први падови на чокови ги имав на оваа насока.”
За Цангерл, клучот на успехот на оваа психилошки тешка насока е беше конечното губење надеж дека ќе ја качи. „Не ми одеше добро, бев под стрес и под притисок, но наеднаш се најдов над клучниот детал” рече Загнерл „То беше вистинско изненадување!”
Барбара Цангерл – Бабси стигна на насловите во 2008 година кога стана првата жена која качи болдер V13, качувајќи го „Pura Vida” во Меџик Вуд, Швајцарија. Како и да е, откако се опорави од дискус хернија, ја смени дисциплината и почна да качува со јаже. Минатиот септември таа стана првата жена која ги качила трите најтешки долги спортски насоки во Алпите, „Des Kaisers Neue Kleider” (8b+) („Царевото Ново Руво”) на Вилдер Каизер во Австриските Алпи, „Silbergeier”(8b+) во масивот Ретикон во Швајцарија и „End of Silence”(8b+) на Фојерхорн близу Рајтер Алм во Берхтесгаден, Германија.