Мама јога пак

Нема шанса да ти стане доста од вакви прекрасни и свежи фотографии. И со првата “мама јога” беше така, еве и на оваа. Едноставно како да има некоја посебна хемија меѓу мајчинската љубов, малите и топли насмевки и очигледната позитивност од источната древна практика.

Мама е Лаура Касперзак која на фотографиите практикува јога заедно со нејзината четиригодишна ќерка Мими. За кратко време Лаура сфаќа дека на Инстаграм ја следат 750,000 следбеници и тука ја завршуваме приказната со слаткоста и масовното “паѓање” на луѓето на оваа комбинација.

Таа практикува јога веќе 17 години и е активен учител во едена школа и на повеќе јога работилници, а приврзаноста и пасијата спрема оваа древна практика ѝ се зголемила откако ги родила нејзините две деца, Мими и нејзиниот постар брат кој е малку срамежлив пред камера. Сепак тие и двајцата имаат изразено голема желба за јога гледајќи ја својата мајка.

За позитивните страни на практикувањето јога од најмалите и најмилите можете да прочитате тука

А надолу, уживајте!

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија