Штефан Гловач и Крис Шарма се здружуваат

Заедно во мега-проект

Двете живи легенди од две генерации во качувањето ги здружуваат силите за да качат футуристичка big-wall насока.

Штефан Гловач, германскиот качувач чиешто резиме вклучува победи уште од доцните 1980-ти и раните 1990-ти до првенствени big-wall искачувања во далечните краишта на светот, се здружи заедно со Крис Шарма, калифорнискиот современ визионер во спортското качување и болдеринг. Нивниот план е да искачат насока која ќе ги налага сите нивни здружени способности и вештини.

Деталите за проектот „Into the Light” сеуште се држат во тајност. Единствено знаеме дека насоката е „голема, единствена и никогаш не била помината претходно или веројатно нема ни да биде.”

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија