THE STRONGEST LADY група

 Доаѓа време кога сите ние се грижиме за своето здравје, поради брзиот начина на живеење, стресот,загадениот воздух и се друго што ни го прави животот покомплициран. Затоа треба повеќе да поработиме на себе, што значи покрај здравата исхрана многу е важна и ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ.

УПИСИ во “”THE STRONGEST LADY” Група !!!

Три тренинга во текот на неделата се доволни за да се растеретиме од стресот, од обврските и да го зајкнеме нашиот имунитет.

Тренингот трае еден час во кои имате вежби за загревање вежби со сопствена тежина, вежби со тегчиња, јажина, медицинки, кетлбели, бугарски вреќи и др. спортски помагала кои ќе Ви го направат тренингот интересен и пред се ефикасен. Замислете си ја групата од сите оние жени, девојки кои се дојдени за забава, дружење и нормално личности кои се спремни да си го сменат својот начин на живеење кон подобро.

РАЗМИСЛЕТЕ УБАВО !!! Што Ви е приоритет во животот??!

Изберете го тоа што Вие го сакате и дојдете на тренинзи и дружење со позитивни и ведри луѓе, зашто се знае дека спортистите се најпозитивните луѓе кои се грижат за своето тело, својот живот и своето здравје.

Тренинг е прилагоден за понежниот пол.

ТЕРМИНИ: ВТОРНИК и ЧЕТВРТОК 18.00-19.00 часот и САБОТА 17.00-18.00 часот во салата во Кисела Вода (Центар за боречки вештини “Д Стронгест”) лоциран во ОУ”Партенија Зографски” во населба Кисела Вода !!!

Месечна членарина: 3 пати неделно – 1200 денари;
ПРВИОТ МЕСЕЦ СЕКОЈ НОВ ЧЛЕН ДОБИВА “THE STRONGEST LADY” МАИЧКА !!!

Тренингот е составен е од многу комлексни аеробно-анаеробни вежби.
Самата програма е создадена од комбинација на разни методи за зајакнување на телото и подобрување на кондицијата.

Идеално е за оние на кои им е здосадено од боди билдинг машините и сакаат да работат вежби со своето тело, својата тежина и додатни помагала.

Секогаш кога се работи во група е полесно и поинтересно изведувањето на вежбите.
Програмата е создадена по следниве видови на концепти:
– ХИИТ – високо интенивен интервален тренинг;
– Табата;
– Интервален тренинг;
– Тренинг со станици;
– Комбинација од повеке аеробно-анаеробни методи.
Исто така се изведуваат техники на удар во боксерска вреќа, фокусери со цел подобрување на формата на телото, но воедно се изучува и техниката на удар.

Додатни поамагала:
1. Кетлбели – мачкино звоно;
2. Медицинки (меки и тврди со различна тежини);
3. Ролери;
4. Вратила;
5. Тегчиња (повеќе тежини);
6. Бугарски вреќи;
7. Јажиња за скокање;
8. Топки за стабилност;
9. Боксерски вреќи;
10. Фокусери за рачни и ножни удари;
11. Останати помагала.
.
Тренинзите ги водат лица кои се стручно подготвени за Ваша правилна преобразба во позитивна насока.
Тренингот е составен од:
– Загревање;
– Истегнување;
– Лесни вежби;
– 20 минути интензивен тренинг;
– Растегнување;
– Олабавуваење.

Нашето мото е: “НЕ ЧЕКАЈТЕ ДА ПОЧНЕТЕ ОД УТРЕ, УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ ПОЧНУВААТ ОД ДЕНЕС”