12-ти Аматерски хуманитарен велеслалом, Маврово 2014-та

Во организација на Ски центарот Заре Лазаревски Маврово и Хотел Бистра Маврово следниот викенд од 21-ви до 23-ти февруари 2014 година ќе се оддржи 12-тиот Аматерски хуманитарен велеслалом, Маврово 2014-та.

Со овој хуманитарен велеслалом како донацијa, организаторот Ски центарот Заре Лазаревски Маврово одлучи да го поддржи петгодишниот Максим Димовски кој боледува од ретко генетско заболување.

Екипите кои учествуваат имаат пријавено по тројца аматери скијачи во машка и женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветни категории. Право на учество имаат и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2004/2005 година.Котизацијата за една трочлена екипа, останува иста како и изминатите години, и изнесува 12.000,оо денари.

Како што е најавено, натпреварите ќе бидат професионално организирании и за таа цел центарот Заре Лазаревски во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија изготви програма и пропозиции, по кои ќе се одвиваат квалификациите и финалните трки, а времето ќе се мери електронски.

Натпреварот ќе се одржи на патеката од Галичкиот ски лифт. Патеката е поставена од Гоце Петков од “Snow Sports Academy Mavrovo”.

Забавна трка – Fun Race

За прв пат оваа година во рамките на 12-тиот Аматерски Хуманитарен Велеслалом, Маврово 2014, ќе се одрижи и кратка трка FUN RACE за оние кои сакаат да се забавуваат и натпреваруваат. А може да учествува секој присутен на бачилото, пријавувајки се како тим од двајца натпреварувачи. Екипите ќе имаат за задача да извршат одредени активности за најкраток можен рок. Секако, на крајот награди за најдоброто време! Оваа трка ќе се одвива непосредно пред бачилото по крајот на велеслаломската трка.

Настанот ќе има низа забавни соджини меѓу кои предизвикот „Дервенџија“ , а настап ќе има и еден од најдобрите женски акустични бендови на Балканот групата ФРАЈЛЕ.

За детални информации и агендата на настанот следете го линкот