Пилешки стек полнет со суви сливи и бадеми

Прекрасно ароматични ролнички што убаво се сечат, а сливите во комбинација со бадемите си го прават своето.

 
  • 2 поголеми пилешки стекови
  • 200г суви сливи без семка
  • 50г бадеми
  • 50г коњак (било каков може и Наполеон, а годината не е важна)
  • 50г путер
  • сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Се толчат стекчињата за да се истенчат, изедначат, но и зголемат. 

2. Се премачкуваат со путер, сол и бибер.

3. Се полнат со сливите кои предходно беа полиени и отстоени во коњакот и лупените бадеми (бадемите лесно се лупат ако се прелијат со зовриена вода и малку да отстојат).

4. Се прават ролни или ролатчиња кои се врзуваат со готварски конец.

5. Се пропржуваат 10-15 минути на загреано масло, а потоа се долева остатокот од коњакот и се динста до испарување.