Скијавме под врвот Казани (2567м)

Според зборовите на филозофот и голем познавач на Шар Планина професорот Ферид Мухич, метафорично ги опишува трите врва како Шарска круна што личи на нептуновата круна -трозубец – составена од трите врва над 2700 метри, Бакардан, Мал Турчин и Титов врв.

Денешниов ден на Шар Планина успеавме да искијаме една линија по која долго копнеевме. Линијата претставува срт кој е наоѓа веднаш под врвот Казани односно оној врв кој следи кратко после врвот Антени – Син врв (2550м) кога се движиш во правец на Титов врв (2747м), и навалува југоисточно накај велосипедската патека Шарски води.

Многу убава и доста долга линија. Речиси секогаш додека се возиме по жичарата нагоре ја гледаме и копнееме истата да ја скијаме. Како и што мислевме така и испадна – преубаво парче за скијање со сè уште свеж снег. Под истиот срт има многу навеан снег кој кога скијавме веќе беше во сенка па го оставивме за друг пат.

Мислевме дека ќе спуштиме „девствено парче“ но наши пријатели еден ден порано го скијаа истото. Нивниот ГПС запис измерил над 2 км долг фрирајд полн со снег од врвот се до велосипедската патека Шарски води, преку која и се вративме назад во Попова Шапка.

Двајца тргнаа нагоре директно преку Церипашина пеш: Ѓорги Ефтимовски и Марјан Киндалов. А останатите тргнавме турно преку ГЕ-осаменото дрвце-поминавме под врвот Антени и кон Казани: Хекуран Зекири, Елена Диновска, Маја Мухиќ и јас. Еден остана долу во населбата да не следи со двоглед, и како наша логистика малку подоцна да направи ручек: Методи Челиманов.

Во оваа игра е многу битен тимскиот дух и улогата е многу голема и важна на оној кој ќе остане во comfort zone да приготви богата трпеза за оние кои отишле да скијаат без него на фантастични места. Cheers mate 🙂

Трите највисоки врвови во близина на овој врв се Бакардан (2704м), Титов врв (2747м) и Мал Турчин (2702м), кои гледани од неколку страни личат на круна со три конусни делови, така и се нарекувани од планинарите.

“…Long live Snowflake Guerrilla…”

текст на Александар Зарапчиев