Дали делува?

Гарсинија Камбоџија за губење на тежинатa

Ако сакате да го користите екстрактот од Грасинија Камбоџија за да ви помогне при губењето на тежината, првото и веројатно најважното нешто што можам да ви го кажам е дека не функционира како што се очекува од него. Не велам дека екстрактот нема физиолошки ефект. Но, ако очекувате да има драматично влијание врз начинот на кој изгледате, големи се шансите дека ќе бидете разочарани од резултатите.

Неодамнешниот интерес за Грасинија Камбоџија беше поттикнат од појавувањето во Шоуто на д-р Оз , каде што беше наметнат како “револуционерен согорувач на масти “, како и “возбудлив пробив” во природното губење на тежината.

Вистината е дека Гарсинија Камбоџија не е ниту нов ниту револуционерен. Ниту пак, како што ќе ви објаснам, ќе ви помогне да изгубите телесна тежина без диета или вежбање.

Eкстрактот од Грасинија Камбоџија се нарекува хидроксицитрична киселина, HCA или Цитримакс. Тоа е додаток добиен од лушпата на индиското овошје наречено Garcinia cambogia, кој се користи во азиската кујна за да оброците ги направи исполнети. Постојат три главни начини на кои што би требало да делува.

Првиот е со ограничување на количината на јаглени хидрати кој вашето тело го претвора во масти.

Кога јадете оброк кој содржи јаглени хидрати истите на крајот завршуваат во крвотокот во форма на глукоза. Ако таа веднаш не се искористи за енергија вашето тело ја складира во мускулите или црниот дроб во форма на гликоген.

Ако складовите за гликоген се полни а продолжиувате со јаглехидратна исхрана, телото треба вишокот некаде да го смести. И таму всушност започнуваат проблемите. Кога вашите мускули и црниот дроб се полни, вишокот јаглехидрати се претвора во масти.

Добрата вест е дека екстрактот од Грасинија Камбоџија се покажа ефикасен при ограничување на конверзијата на јаглени хидрати во масти кај субјекти кои имаат високо-јаглехидратна и висококалорична исхрана во период од седум дена.

Но тоа е само половина од приказната. Додека јаглехидратите можат да се конвертираат директно во масти, процес познат како de novo липогенеза (или скратено DNL) , тоа не се случува освен ако не јадете многу јаглехидрати.

На кратко, DNL не е нешто за кое што треба да се грижите , освен ако не внесувате многу калории на ден кои потекнуваат од големи количини на јаглени хидрати. Тоа е токму спротивното од она што треба да го правите ако се обидувате да изгубите тежина.

Наместо тоа, еден од главните ефекти од преголемата доза на јаглени хидрати е тоа што ги заменуваат мастите како извор на енергија. Со супресија на согорувањето на мастите, има поголема веројатност истите да завршат складирани.

Екстрактот од Грасинија Камбоџија може да ја забави стапката на DNL, но нема да ја спречи во целост. Јадење премногу јаглехидрати со или без Garcinia cambogia ќе резултира како претворање во масти.

Некои велат дека не само што Грасинија Камбоџија би требало да го инхибира формирањето на масти, туку и дека може да ја зголеми количината на согорени масти .

Ова би требало да се случи преку намалување на мобилното ниво на малонил -CoA , ензим што ја забавува стапката на оксидирање на масти. Ова, барем теоретски, ќе доведе до зголемување на количината на масти кои ќе согорат.

Ставајќи ја теоријата на тест, тим од научници од Универзитетот Мастрихт стави група од десет велосипедисти во две студии од кои и двете вклучуваат два часа возење на велосипед.

За време на првата студија, велосипедистите консумираа пијалоци што содржат 18 грама екстракт од Грасинија Камбоџија (HCA). Во втората студија, им беше дадена обична вода.

Кога користеа HCA , велосипедистите согореа во просек 0,7 грама масти во минута вежбање. Кога не им беше даден HCA , исто така, согореа во просек 0,7 грама масти во минута на вежбање.

Значи и покрај големата доза на HCA , таа немаше ефект врз количината на согорени масти за време на вежбањето. Ова е во согласност со другите истражувања кои покажуваат дека HCA (3 грама дневно) нема влијание врз оксидацијата на мастите во мирување или за време на вежбање.

Постојат тврдења дека Грасинија Камбоџија го зголемува складирањето на гликоген во црниот дроб, што доведува до чувство на исполнетост и намален апетит .

Во еден тест HCA ( 300 милиграми три пати на ден ) ја намали 24-часовната доза на храна кај гојазни испитаници од 15-30% без зголемување на чувството на глад.

Спротивно на тоа, тримесечна студија на 89 жени со прекумерна тежина на Универзитетот Пурдју покажа дека 1,2 грама HCA секојдневно немаше ефект врз апетитот.

Подоцнежна студија покажува дека високите дози на HCA (2,8 грама дневно) доведоа до побрза стапка на губење на тежината, главно преку потиснување на апетитот и намалување на внесот на калории.

Сепак, фактот дека двајца од авторите на студијата биле дел од компанијата која ги произведува овие суплементи, но од некоја ” таинствена причина ” заборавиле тоа да го напоменат во истражувачкиот труд, значи дека треба да ги третираме овие резултати со одредена претпазливост.

Повеќето од поквалитетните истражувања покажуваат дека HCA не успеа да предизвика значително губење на тежината во споредба со плацебо.

Веројатно најголемата и најригорозна студија за HCA и губење на тежината е објавена во списанието на Американското медицинско здружение.

Испитаниците примале или Грасинија Камбоџија екстракт (1500 милиграми HCA по ден) или плацебо во период од 12 недели. Просечната промена во тежина и во двете студиски групи е прикажана на сликата подолу.

 

Иако учесниците во двете групи слабееле, немало значајна разлика во губење на тежината помеѓу двете групи , која во просек била 4 кг во плацебо групата и 3 кг во HCA група.

Истражувачите од Универзитетот во Ексетер , исто така, објавија нешто што се нарекува систематски преглед за ефективноста на екстрактот од Грасинија Камбоџија како додаток за губење на тежината.

Систематски преглед е едноставен начин на резимирање на истражувачките докази. Систематските прегледи се важни бидејќи наместо истражувањата кои ги поддржуваат вашите постоечки верувања и игнорираат сè друго, имаат јасна и транспарентна стратегија на пребарување за наоѓање на податоци, прават мерење на квалитетот на секоја студија (идеално, без да знаат за резултатите ), а потоа ги претставуваат наодите преку избалансиран и непристрасен преглед.

Ова е нивниот заклучок:

“Доказите покажуваат дека екстрактот од Грасинија Камбоџија / HCA генерира краткорочно губење на тежината . Сепак , овој ефект е мал, веќе не е статистички значајно кога се земаат во предвид само ригорозни, рандомизирани и контролирани испитувања и клиничкото значење се доведува во прашање. ”

Или поинаку кажано, кога ќе ги отстраниме ниско-квалитетните студии, истражувањата обезбедуваат малку релевантни докази и не се вредни за трошење на пари.

Има толку многу додатоци кои ветуваат дека ќе ви помогнат при губењето тежина. Но, ако тие се навистина толку добри, зошто компаниите постојано излегуваат со нови производи?

Размислете за тоа. Ако кетоните од малини, зеленото кафе, екстрактот од грав, HCA или било што друго кое доктор Оз оваа недела ни кажа дека делува како што се очекува да делува, нема да има побарувачка за други супстанци.

Може да има мала корист во однос на контролата на апетитот со повисоки дози на HCA. Но, гледајќи ги истражувањата, како и пробувајќи го во неколку наврати, ова не е додаток кој јас би го препорачал за користење .