Кордицепс за енергија и имунитет

Веќе 1500 години традиционалната кинеска и тибетанска медицина се потпира на оваа печурка како тоник за целовкупното здравје.

Особено значајни ефекти кои ѝ се препишуваат на оваа печурка се подобрувањето на имуниот систем, давање на сила и издржливост и успорување на процесот на стареење.

  • Контроверзниот тренер на жени во дисциплината трки на средни и долги далечини, Ма Јунрен изјавил дека на своите атлети, со неколку светски рекорди, им давал суплементи од кордицепс.

Најчесто кордицепсот се наоѓа во вид на таблети и може да се зема како додаток во исхраната, особено ако во ладните денови Ве нападе грипот или ако Ви треба повеќе енергија за претстојниот ден. Во вид на капсули кордицепсот се препорачува во доза од 1-2 капсули еднаш или двапати дневно со чаша млака вода.

Имун систем – За кордицепсот се вели дека ја подобрува функцијата и го зголемува бројот на клетките убијци кои се борат против патогените бактерии и вируси. Ова е особено погодно во ладниот период од годината кога напаѓа грипот. Освен тоа има и одличен антиоксидативен ефект и ги уништува слободните радикали во телото.

Енергија – Неколку студии покажале зголемена продукција на АТП во црниот дроб при консумирање на кордицепс. Освен тоа кордицепсот ја намалува малаксаноста особено кај постарите лица и ја подобрува атлетската изведба. Во традиционалната кинеска медицина се препишува како регулатор на крвниот притисок и како тоник за срцето.

Сексуален живот – Во азиските земји популарно оваа печурка се користи како афродизијак, но и како лек за импотенција. Имено кордицепсот го подобрува протокот на крв во машкиот полов орган, па го подобрува и сексуалниот живот.

Антиканцерогено дејство – Можеби еден од најконтоверзните ефекти на кордицепсот е токму антиканцерогеното дејство кое му се препишува заради одличната оксигенација на ткивата што оневозможува развој на туморски клетки. Сепак кордицепсот не е признат како валидна терапија или лек за рак.