Нова 8c во Ред Рокс

Даниел Вудс и Џими Веб искачија нов болдеринг проблем

Даниел Вудс и Џејмс Веб – Џими го направија првото и второто искачување на „the Nest”, со тежина околу 8c (V15), во реонот Ред Рокс, Невада, САД.

Даниел Вудс го направи првото искачување на „the Nest”, во Ред Рокс. „Ова беше здружен обид за прво искачување заедно со Џејмс Веб. Толку добро беше и ја делевме неговата мотивација да стигнеме сè поблиску и поблиску! На крајот ја качивме во нашите последни обиди и стоевме на врвот на еден од најдобрите болдери кој сум го видел.”

Џејмс Веб ја повтори набрзо и искоментира: „Една од најневеројатните линии кои сте ги виделе. Со годините сфатив колку ретко се гледа толку квалитет и конзистентност во еден болдеринг проблем. Овој ми остана во главата како еден од најдобрите, и најтешките. Големо фала на Кени Баркер и Енди Ретер за наоѓање, чистење и споделување на овој болдер со нас.”

За Џими ова беше трета 8c, а за Даниел веќе и не знаеме која по ред.

Џими Веб, исто така, изјави:

  • „Едноставно еден од најдобрите болдери, на списокот на сите времиња, тоа е сигурно. И една од најпрестижните во светот. Кога размислуваш за вакви насоки од сништата, со вештини како нинџа, или други популарни класики, едноставно баш е добро. Совршена карпа и совршени движења. Ми излгедаше како 10 движења од 8a со мал процент од 3 движења 8b. Среќен сум што ја качив и радосен сум што вакви неверојатни линии навистина постојат.“

фотографиите се од личните колекции на Вудс и Веб.