Македонска кујна

Мусака со мелено месо

Традиционална домашна здрава исхрана.

 
  • 300г мелено месо
  • 4 компири со средна големина
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 150мл млеко
  • 300мл вода
  • сол
  • зачини
 

Подготовка
 

1. Кромидот ситно го сецкаме и го пропржуваме, па го додаваме месото и ги пржиме заедно.

2. Компирите ги сечеме на кругови и половина ги редиме во огноотпорен сад, потоа го додаваме месото и одозгора ставаме уште еден ред компири. 

3. Во тавата каде што се пржело месото го ставаме млекото и јајцето, промешуваме, ја дотураме водата и ја преливаме мусаката.

4. Се пече во рерна на 200 степени околу еден час.