Инфо до јавноста од Кик Боксинг Федерацијата на Македонија

Почитувани,

Македонската јавност преку електронските и пишаните медиуми последниве неколку дена е информирана за одржување настан од боречките вештини во Скопје – 13.12.2013 год. во спортскиот центар ,,Борис Трајковски“ под името FFC.

Организацијата која го организира овој настан е приватна организација и се се сведува на шоу бизнис. Македонските претставници кои ќе настапат на ова шоу веќе подолг период се исклучени од членството на Кик Боксинг Федерацијата на Македонија .

За Македонскaта јавност да не биде доведена во заблуда:

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија која е единствена федерација призната за кик бокс спортот, Mау таи и MMA се ОГРАДУВА од овој настан и не учествува во организацијата на истиот.

Кик боксинг федерацијата на Македонија со своите активности и резултатите кои ги постигнува и е позната на Македонскaта и пошироката спортска јавност како и по успешното организирање на многу кик бокс активности на тлото на Македонија . Секое инволвирање на КБФМ во случувањата поврзани со овој настан го демантираме.