Спортско дружење во Краљево

Гостувањето на Фудбалската Школа „Кул“ во Краљево

Фк „Кул“ беше гостин на „Кикер“ Краљево. Меѓусебна игра, дружба и искуства помеѓу Македонија и Србија. 

Фудбалската Школа Кул гостуваше во Краљево, а нејзини домаќини беа Фудбалската Школа Кикер – Краљево. Се одиграа пријателски натпревари помеѓу двете фудбалски школи во генерација 2001, 2002, 2003, 2004 година.

Екипите разменија взаемни искуства, се дружеа меѓусебно и овозможија интересни натпревари за публиката. Им благодариме на гостопримството на Кикер – Краљево што успеа да се почувствуваме како да сме дома. Ги очекуваме наскоро да бидат наши гости, да ги повториме убаво поминатите заеднички спортски моменти.