Roll Baby Roll!

Првиот пресврт обично се случува до 6-тиот месец. Помогнете му на вашето бебе да се рола. Тркалањето е моторна способност која е од голема важност и претставува голем чекор напред во физичкиот развој на вашето пиколo.

Овој пресврт во развојот на бебушите се јавува кога тие се на возраст помеѓу 4 – 6 месеци. “Тогаш бебињата за првпат се способни да координираат повеќе мускули одеднаш за да постигнат некоја цел”, вели Катрин Барнард, доктор и експерт за ментално здравје кај деца. Како да сфаќаат: “Еј, па моето тело може да мрда!”

Како ќе знаете кога?
Неколку знаци дека бебушот е подготвен на тој чекор: прави различни, поенергични движења со рачињата и ноџињата и држењето на главчето не е повеќе така лабавко или млитавко како на почетокот. Обете укажуваат на тоа дека вашато бебе веќе стекнува контрола врз своите мускули.

Тркалањето од стомаче на грбче е полесно па затоа додека е будно дајте му повеќе време на бебушот да поминува лежејќи на стомачето за да вежба.

Лево или десно?
Набљудувајте го и видете на која страна сака повеќе да се тркала. Секое бебе преферира една страна повеќе од друга но, ниедна од двете не е повообичаена. Секое бебе е различно, свое.

Како да му помогнете?
Нема потреба да брзате во постигнување на оваа првична цел во физичкиот равој на вашето бебе. Но, можете да го охрабрите 4 месечното бебе за време на игра. Додека лежи на грбче, фатете ги неговите рачиња и нежно, внимателно повлечете го кон себе со цел да ги истегнете главните мускули. Или пак фатете ги неговите ноџиња и затркалајте го бавно и нежно од стомаче на грб и обратно.