МКБ репрезентација со учество во светското сениорско првенство во Анталија

Македонската Кик Боксинг репрезентација ќе земе учество на вториот дел од СВЕТСКОТО СЕНИОРСКО ПРВЕНСТВО кое ќе се оддржи во Анталија –Турција од 02-08.12.2013год.

Светското првенство во Анталија  ќе се одвива во фул контакт, кик лајт, поинт фајт и музички форми дисциплини кои не беа застапени во Сао Паоло, Бразил. Во Бразил се одвиваше првиот дел на светското првенство и тоа во К1 и лоу кик дисциплините.

Репрезентацијата ја предводат искусните Димитар Ѓеорѓиев кој е носител на титулата светски шампион од минатото светско првенство од Скопје 2011год. и Ненад Манојловски вице Европскиот шампион од Букурешт 2012год. И двајцата во кик лајт дисциплината. Останатите кик боксери се исто така со големо искуство во кик бокс спортот.

Македонија ќе ја претставуваат следните репрезентативци во двете дисциплини од кик бокс спортот:

Фул контакт:

  • Далибор Огњанов -75кг

Кик лајт:

  • Кристина Стојчевска -55кг
  • Стевка Јанковска -60кг
  • Ненад Манојловски -69кг
  • Димитар Ѓорѓиев -74кг
  • Милан Кубин -84кг

Македонската селекција ја сочинуваат и интернационалните судии Арбен Јонузи и Љупчо Стојчевски, тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски кој е исто така и меѓународен судија како и селекторот за дисциплините на татами Димче Кичевски.

На самото светско првенство ќе се оддржи состанок на бордот на директори на WАКО светската асоцијација WАКО европската асоцијација како и на WАКО женскиот комитет на кои ќе има избор на нови членови.