Објава

Школа за планинарење

Школата за планинарење е наменета за сите планинари кои немаат искуство со планинарењето и имаат потреба од познавање на основните планинарски правила за безбедно движење во планински услови.

Школата е наменета за сите оние кои имаат искуство и сакаат да ги зајакнат своите планинарски вештини и знаења, и со тоа ќе допринесат за поголемо уживање при престојот во планина.

Модератори на школата се:

Константин Циривири – Претседател на Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина, долгогодишен инструктор во аплинизам и високогорство. Модератор на темите кои се однесуваат на безбедноста во планина, метеорологија, картографија и т.н. , а ќе бидат во согласност со стандардите пропишани на Интернационално ниво.

Д-р. Александар Манолев, специјалист интернист (вработен при ПЗУ Поликлиника Манолеви; Претседател на Здружение на интернисти на РМ) – претседател на ПК Скопска Црна Гора.

Модератор на темите кои се однесуваат на прва помош во планина и сите останати теми поврзани со здравјето. Темите се во согласност со препораките и интернационалните заклучоци на ICAR и UIAA .

Школата започнува на 3-ти Декември со првиот теоретски час. Практичната настава ќе се оджи во недела (08. 12 2013 година), со поход кој ќе биде договорен на теоретскиот час.

Програмата за првиот триместар ќе биде комплетно објавена со содржините и датумите на одржување.

  • Во оваа објава ќе се постира програмата за првиот месец (декември).
  • Воедно со почетокот на школата ќе се врши упис на нови членови.
  • Годишна чланарина за сите кои ќе ја посетуваат школата е 600,00 денари.

Сите заинтересирани може да се јават на следните телефони:

  • Драгутин Малиш 070 870 723
  • Александар Манолев 070 306 403
  • [email protected]
  • https://www.facebook.com/pkskopska.crnagora.5

Планинарски поздрав до сите заинтересирани планинари

декемвриска програма