БИОкулт – oргански храм на здравјето

„Што здраво да јадам денес?“ e прашањето што секојдневно си го поставуваме кога ќе го отвориме фрижидерот, кога се шетаме низ рафтовите во супермаркетите или кога го гледаме менито во некој ресторан. „Дали е здраво тоа што го јадам? Дали храната која се внесува е онаа вистинската, здрава и полна со витамини минерали и протеини, без адитиви и хемиски додатоци?“

До пред само неколку години, безвкусната храна, спакувана во кутии, без рок на траење, полна со пестициди, емулгатори и конзерваси, која беше карактеристична за западните земји, нам ни беше целосно туѓа и одбивна. Нажалост денес сме сведоци на увоз и производство токму на ваква храна, полиците се преплавени со ваква храна која е “спакуван отров”, а уште пожално е што често сме и консументи на истата.

Освен тоа, живееме во време на алергии, малигни заболувања, хронични болести, хормонски дисбаланси, метаболни пореметувања, а во голем процент како етиологија се наведува токму неправилната и нездравата исхраната.

А сепак во денешниот свет изгледа како човекот да се грижи за се друго околу себе, освен за самиот себе и за своето здравје, кое е во директна врска со здравиот начин на исхрана. Затоа постои нашиот специјализиран центар за органска храна БИОкулт. Повеќе години успешно и неуморно се трудиме да го доближиме здравиот начин на исхрана до македонските потрошувачи. Советување, дегустации и едукација за нашите потрошувачи се дел од секојдневниот работен план на БИОкулт.

На полиците во БИОкулт ќе најдете широк асортиман кој брои повеќе од 2000 производи со органски сертификат. Органски мешунки, житарки, ладно цедени масла, намази без конзерванси и пребојувачи, чоколади и слатки без рафинирани шеќери, природни органски сокови, напитоци од житарки како замена за млеко, храна за најмалите без опасни адитиви, природна козметика без парабени, средства за домаќинство и прашоци за перење без хлорни препарати и парфеми погодни кај лица склони на алергии, безглутенски производи за сите преосетливи на глутен се само дел од нашата палета на органски производи наменети за сите кои се грижат за своето здравје.

За уште подобро да се информирате за органската храна, полезноста од неа и дел од производите, БИОкулт издава и свој бесплатен тримесечник “БИОкулт“, списание во кое ќе најдете совети, објаснувања, текстови за здрава исхрана, како и рецепти за да можете и дома да си подготвувате вкусни и здрави јадења богати со протеини, витамини и минерали.

Специјализираните продавници за органска храна БИОкулт се наоѓаат во Градскиот Трговски Центар на вториот кат и во Тафталиџе позади Веро, а освен таму производите можете да ги најдете и на полиците за здрава храна кај нашите соработници Тинекс (Зебра, Годел, Кончар), Рамстор Центар, СП маркети, Зегин аптеки, НМД диет клуб во Буњаковец и други продавници за здрава храна.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија