Мажи, вежбајте и јадете риба за поголема плодност

Редовните телесни активности покрај избегнувањето на преработено месо, а јадење на повеќе риба се причина за зголемен број на сперматозоиди – заклучок од најновите истражувања направени на Харвард.

Во Харвардовата школата за Јавно Здравје беше направено испитување врз 150 мажи за да се открие како одредени сегменти од животниот стил влијаат врз плодноста. Поточно, фокусот беше насочен на процесуираните месни производи, консумирањето на риба и вежбањето.

Пронајдено беше дека оние луѓе кои консумираат помеѓу еден и три оброци на преработени месни производи во денот имале помал број на сперматозоиди од луѓето кои јаделе помалку, а оние кои редовно јаделе риба имале за 34% поголем број на сперматозоиди, особено тие што внесувале помасни типови на риба како лосос и туна.

Одделно од ова, друга студија беше насочена кон вежбањето и оваа ставка, а како најпотентна спортска активност дефинитивно се силовите вежби и аеробните вежби, но на отворено и со умерен интензитет.

Во целава приказна за повеќе сперматозоиди основната причина е зголемената концентрација на тестостерон. Најприроден, најздрав и најевтин начин за одржувањето на оптималното ниво на тестостеронската концентрација се телесните вежби во било која возраст.

Сексуалното расположение проследено со квалитет на спермата секогаш ќе ви бидат и добар параметар за Вашата спортска спремност.