Бизнис Лига

Осврт на прво коло од бизнис лигата (Сезона 2013/2014)

На самиот старт на Бизнис Лигата на Македонија можевме да видиме дека ќе имаме доста интересно првенство во коешто ќе биде прикажан квалитетен фудбал.

На самиот старт на Бизнис Лигата на Македонија можевме да видиме дека ќе имаме доста интересно првенство во коешто ќе биде прикажан квалитетен фудбал. Екипите не оставија ништо на случаноста и уште во првото коло одиграа максимално пожртвувано.

Изненадија и новите екипи и до последен момент се бореа за да ги добијат натпреварите против фаворитите. Секако ќе имаме интересна сезона со неизвесни натпревари без можност за калкулирање.

Играчите коишто се најдоа во петорката на колото, кои впрочем и ги водеа своите тимови до победа се: Арбен Нухиу кај UNIQA со постигнати 3 гола, Дарко Стојановски кај Гранит со постигнати 3 гола, Игор Дамјановски кај Лукоил со 2 погодоци, Дарко Таневски од ONE со 2 погодоци, Далибор Миленковски со постигнати 2 гола од екипата на ЈСП е прогласен за најдобар 5-ти играч и Елтон Трајко од UNIQA е прогласен за најдобар голман.

Ова коло како тренер којшто највеќе придонесе за успехот на својата компанија е прогласен Сергеј Арнаут.