Течен антистрес
Наместо со шолја кафе, денот започнете го со шолја полна витамини и енергија за преостанатиот ден.
- 2 грста малини
- 3 круши
- 3 моркови
1. Малините и крушките измијте ги под млаз вода, морковите излупете ги и измијте ги.
2. Вклучете го соковникот и исцедете го сето овошје во вкусен џус.
3. Уживајте!
Малината е полна со витамините Б, Ц и Е, голема количина на растителни влакна, а во една мала чинија малини има само 90 калории. Покрај тоа има и силно антиоксидативно дејство, го јакне имунитетот и помага во нормализирањето на крвната слика.
Морковите задоволуваат дури 308% од дневните потреби за витамин А, а претставуваат одличен извор и на витаминот К. Во 100 грами морков има само 41 калорија што го прави одличен извор на витамини, со малку калории.
Крушата содржи витамини од групата Б кои му помагаат на организмот полесно да се справи со стресот. Тие го хранат нервниот систем, а исто така учествуваат во процесот на добивање енергија благодарение на јаглехидратите кои ги содржат.
Оваа е идеална комбинација на овошје во чаша за сите кои го прифатиле модерниот и брз начин на живот, ги надополнува резервите на енергија и го намалува стресот.