Алпинистот Ули Штек во обид да се искачи за прв пат Јужната страна на Анапурна

Летото заврши – отворена сезоната на Хималаи

Во 2007 и 2008 во два наврати Ули Штек не успеа да се искачи на Јужната страна на Анапурна сега останува да видиме дали 2013 ќе му биде успешна.

Во многу работи „лудиов” Швајцарец ме потсетува на неверојатниот Алпинист Томаж Хумар – му посакувам се најдобро.

Анапурна 8051 м.н.в. е најмалку освојуваниот врв на Хималаите од оние над 8000 метри. До крајот на 2008 само 154 алпинисти се искачиле на врвот, 60 останале вечно тамо (слава им), 2/3 од нив биле жртви на лавини.

На јужната страна на Анапурна Ули Штек го очекуваат 2500 метри карпи и мраз за искачување.

Во 2007 и 2008 во два наврати Ули Штек не успеа да се искачи сега останува да видиме дали 2013 ќе му биде успешна.

Повеќе информации имате на неговиот веб http://www.uelisteck.ch