Благодарност до сите што ме поддржаа на MAxximum Open 2013

Најпрво сакам да изразам голема благодарност до сите што ме поддржаа и ме поддржуваат и беа со мене цело време на MAxximum Open кое се одржа во Марибор, Словенија каде го освоив четвртото место во категорија над 90 килограми.

Тешко е кога ќе одвоиш многу труд, пот, голем влог и време со месеци да се подготвуваш за да постигнеш успех а тој несправедливо да ти биде одземен.

Не сакам јас да судам за резултатите но еве неколку слики за да се увери јавноста што се случуваше и дека ми беше одземен медал.