Ароматични црвени пиперки
Сезонска салата со неодолив аромат создаден од миксот пиперка и босилок.
- 3-4 црвени пиперки
- 100г маслинки
- 1 лимон (сокот и рендана кора)
- ладно цедено маслиново масло
- 1-2 чешниња лук
- босилок
- бибер
- морска/хималајска сол
Пoдготовка
1. Искористете некои од печените пиперки за ајвар и направете си сочна сезонска салата.
2. Испечената пиперка исецкајте ја на резанки (напречно).
3. Потоа изрендајте го лукот и кората од лимон.
4. Додадете ги останатите состојки на пиперките и зачинете ја целата салата според вкус.