Уште една одлична епизода од Superfoods

Нека гори сетилото за вкус

Пиперките се ин, лутите задолжителни! 

Можете ли да ги замислите кинеската кујна во блага варијанта. Многу одамна Тајландците ја немале основната намирница во нивниот популарен сос “шрирача”, а пилешкото во слатко-кисел сос било далеку од луто. И секако можете ли да си замислите зима без ајвар или лето без полнети пиперки? Благодарение на откритието на Колумбо, американскиот континент кој е нативна почва на пиперките, денес целиот свет е во можност да ужива во нивниот вкус, а Македонците да си го прават деликатесниот ајвар за во ладните зими.

Црвените и портокаловите пиперки имаат поголем нутритивен бенефит од нивните помлади облици – зелените пиперки, а лутите имаат и те како посилен ефект врз организмот од благите во секоја смисла. Освен тоа пиперката е пребогата со витамин Ц (тука води зелената пиперка), неколку кратно повеќе од портокалот, а има и големо количество на витамин А.

Напротив од популрното верување дека лутите пиперки може да предизвикаат улцери во желудникот, денес е докажано дека тие всушност делуваат благопријатно врз целата слузница од дигестивниот тракт и ги смируваат воспаленијата и грчевите кои може да се јават заради лоша исхрана. Хемиската компонента заради која лутите пиперчиња така пријатно ги дразнат вкусовите папили на јазикот се вика капсаицин. Но има и нешто повеќе зад капсаицинот од вкусовата дразба. Оваа состојка докажано го стимулира нервниот систем, а исто така придонесува и за забрзување на метаболизмот.