Светско првенство во кик бокс – Гуараја, Бразил

Македонската сениорска Kик Бокс репрезентација од 29.09.-7.10.2013  е во Гуараја, Бразил на WAKO- Светското првенство во ЛОУ КИК и К1 дисциплините од кик бокс спортот.

Бразил следниве 7 дена ќе биде во центарот на светските збиднувањата во кик боксот. Македонската репрезентација ја сочинуваат четири искусни натпреварувачи:

-Ненад Манојловски -67кг. лоу кик

-Димитар Ѓорѓиев -75кг. лоу кик

-Мики Ивановски -81кг. лоу кик и

-Далибор Огнанов -75кг. К1

Македонските репрезентативци се во одлична форма, а тренерот Драган Атанасовски и селекторот Дејан Митровски -Урко очекуваат од нив да се претстават во најдобро светло. По официјалното мерење ќе бидат познати противниците на нашите репрезентативци како и редоследот на натпреварувањата.