Бургер со тиквички
Домашен бургер е одлична замена за оние комерцијалните. Убав е и кога ќе се излади, па затоа можете слободно да си го спакувате како оброк за на работа/факултет/училиште. Сепак, сметајте да го конзумирате барем 3 часа пред вашиот тренинг.
- 250г мелено месо
- 1 рендана тиквичка без средниот дел
- 1 мек дел од кришка леб
- 1 јајце
- 2 чешниња лук (стиснато)
- 100г кашкавал
- 100г брашно
- сол и бибер
Подготовка
1. Тиквичката се ренда, се соли и се исцедува од течноста.
2. Сите додатоци се мешаат со месото и се смесата замесува.
3. Се формираат 3 бургери кои што се печат на тефлонско или керамичко тавче, а може и на скара.
4. Бургерот се гарнира со зеленчуци по желба.