Кој е за патување во Непал?

Трагајќи по својот нов предизвик одлучив отворно да го понудам на сите кои се спремни за една ваква авантура. Околу 20 Октомври се тргнува за Непал и претстои преубава трекинг тура достапна за многумина како финансиски така и физички. Ќе се поминат прекрасни Непалски села на висина од 2600 – 4000м, опколени со преубав Хималајски пејсаж и притоа ќе искачиме 2-3 попатни врвчинња со над 5000м надморска висина.

Целосната тура изнесува 990 евра, каде вклучено е ноќеванњето во Катманду со вклучен доручек, транспорт од/до аеродром, авион до Лукла, спиење и храна за време на целото пешачење и искачување (сместување во планински куќички – хостелчиња и повремено шатор), целата опрема за готвење и кампување, дозволите и влезниците во националниот парк, носач за околу 8-10 кг по човек, водич и цела локална логистика.

Не е вклучен авио билетот (ниско буџетни карти чинат 550 -900 Евра за команија од ранг на Туркиш Ерлајнс, колку поскоро се букира толку по евтин ќе биде билетот). Не е вклучена личната опрема како и личното медицинско осигурувње. Пријавувањето и уплата на аванс трае до 1 Окт.